Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: „Пумпање“? Ќе ја славам секоја победа така

Ѓоковиќ: „Пумпање“? Ќе ја славам секоја победа така

Новак Ѓоковиќ победи на отворањето на Вимблдон, а во вторник вечерта беше невозможно да не се забележи начинот на кој српскиот тенисер ја прослави триумфот.

Ноле го поздрави публиката на Централниот терен во комплексот во Лондон, а потоа симулираше „пумпање“, симбол на студентска побуна против владата во Србија по падот на настрешницата во Нови Сад и загубата на 16 лица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ, по дуелот со Александар Мулер, половина час по полноќ по српско време, го коментираше гестот за кој веќе многу се зборува.

„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме дека таа кореографија би можела да биде соодветна за секоја победа на Вимблдон. Така ќе прославувам и понатаму на Вимблдон. Симболична е паралелата! Една е странска песна, ’денс’ хит по име ’Pump It Up’, а другата е ’Фрли сè од себе’, кога во еден момент вели ’пумпај, пумпај, зошто застана’”, рече Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…