Дома Останати Тенис Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата – како никој досега на АТП и ВТА!

Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата – како никој досега на АТП и ВТА!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ја испиша историјата на тенисот по победата на почетокот од Отвореното првенство на САД.

Ѓоковиќ со 6:1, 7:6 (3), 6:2 го совлада Американецот Лернер Тијен и така ја оствари 75-та последователна победа во воведната рунда од некој Гренд слем турнир.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со тоа стана првиот играч, во машка или женска конкуренција, кој направи толкав низ на победи во првите кола на најголемите турнири.

Новак нема загубено на почетокот на Гренд слем уште од Австралија опен 2006 година, кога го победил Пол Голдстајн.

Низата, значи, трае од Ролан Гарос 2006 и тогаш Новак стигна до четвртфиналето.

Да потсетиме, освоил 24 Гренд слем титули, последната токму во Њујорк 2023 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…