
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето пристигнување на Мастерсот во Индијан Велс.
Веќе неколку дена е во САД, каде што секој негов тренинг беше посетен, а на еден од нив беше „интервјуиран“ од страна на едно дете.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Додека потпишуваше автограми, детето го праша Новак три прашања и доби одговори.
Најпрво рече дека омилената храна му е овошје, а потоа и поради кој започнал да се занимава со тенис.
„Како дете го гледав Пит Сампрас како освојува Вимблдон. Пит ме инспирираше и Моника Селеш“, рече Ѓоковиќ.
Потоа следеше прашањето кој му бил досега најтешкиот меч во кариерата, но немаше многу дилеми:
„Финалето на Австралија Опен 2012 година со Надал“, одговори Ѓоковиќ.