Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откажа учество на турнир каде што ќе бидат Синер и Алкараз!

Ѓоковиќ откажа учество на турнир каде што ќе бидат Синер и Алкараз!

Новак Ѓоковиќ, нема да се врати на терените овој февруари откако го откажа учеството на турнирот во Доха, кој традиционално ги собира најдобрите играчи од “белиот спорт”.

Пред десетина дена Ѓоковиќ пропушти извонредна можност да освои 25-ти гренд слем трофеј во својата богата кариера, губејќи во финалниот дуел со Карлос Алкараз, но само пласманот во финалето беше вистински потфат за неговите години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Резултатот на ова е неговото откажување од турнирот во Катар, кој оваа сезона ќе ги има меѓу учесниците најголемите имиња од светскиот тенис, вклучувајќи ги и најголемите ѕвезди како што се Алкараз и Јаник Синер.

Новак пред околу година и пол потпиша договор со “Катар Ервејз” и учествуваше на разни настани во Доха, вклучувајќи ја и трката на Формула 1, па од тој аспект е изненадување што го нема да го видиме во престолнината на оваа блискоисточна земја.

Сепак, нема да се игнорира уморот како значителен фактор, земајќи го предвид неодамна завршениот турнир во Мелбурн, а таквата одлука беше донекаде предвидена, бидејќи неодамна беше објавено дека ќе игра во Индијан Велс следниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…