Дома Фудбал Ѓоковиќ одлучи: Се сели од Србија, ќе започне нов живот во Атина!

Ѓоковиќ одлучи: Се сели од Србија, ќе започне нов живот во Атина!

Грчките медиуми гордо објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе започне нова етапа од животот во Грција со своето семејство.

Весникот Glow.gr објави детална статија за Новак, раскажувајќи ја позадината на неговата одлука да ја избере Атина како своја нова база.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Одлуката не беше спонтана, туку е резултат на неговата долготрајна врска со Грција, која со текот на времето се зацврсти.

Заедно со сопругата Јелена, честопати ја посетувале Грција, летувајќи на Крит и Миконос, додека патуваа и на поклоничка посета на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнале официјални контакти со грчките власти за обезбедување на Златната виза.

Семејството Ѓоковиќ е во потрага по идеален дом за децата, при што фокусот е на мирно и безбедно опкружување што е во близина на природата.

Љубовта на Ѓоковиќ кон Грција не се сведува само на културата и природата. Често изјавуваше дека го инспирирала топлината на луѓето, балансот меѓу традицијата и модерното, духовноста на Православието, како и неговата врска со монасите на Света Гора.

Има и практични причини: Атина е блиску до многу градови каде што се одржуваат турнири, поседува одлична здравствена и образовна инфраструктура и е развиена во бизнис смисла. “

Во заклучокот на текстот се истакнува дека Ѓоковиќ е една од највпечатливите фигури во светот на спортот.

„Со 24 Грен слем титули, повеќе од кој било друг тенисер, Новак ги помести границите на тенисот.

Покрај сите постигнувања, неговата ментална сила, дисциплина и посветеност не само што го направија тениска легенда, туку и еден од најголемите спортисти во историјата.

Со богатство кое се проценува на повеќе од 700 милиони долари, Ѓоковиќ сепак бара мир и исполнет живот. Неговото преселување во Атина не е само промена на адресата, туку почеток на создавање нов идентитет.

Како татко, сопруг, ментор, инвеститор и пријател на Грција, Ѓоковиќ изгледа го најде совршеното место за да пушти корени, далеку од бучните арени.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе игра три пријателски натпревари на турнејата во Азија

Објавен е официјалниот распоред за турнејата на Барселона низ Азија, шест години по послед…