
Новак Ѓоковиќ без сомнение е еден од најголемите тенисери на сите времиња и без никаква конкуренција најголемиот спортист на Србија досега.
Со 38 години, славниот Ноле сѐ уште е активен. Игра тенис на врвно ниво, но јасно е дека годините се проблем кога станува збор за дуели со младите мајстори Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новак објави дека ќе игра додека телото го слуша. Меѓутоа, многумина веруваат дека повлекувањето на тениската легенда би можело да се случи на турнирот кој го има освоено најмногу пати – Австралија Опен.
Наводно, Новак својот последен турнир би требало да го одигра во Австралија, но се разбира, таквите тврдења сѐ уште немаат потврда.
Ѓоковиќ објави следнава порака на Инстаграм.
“Сонувајте големо. Осмелете се да сонувате бидејќи сѐ е можно. Не дозволувајте никој да ви ги одземе соништата. Не е важно од каде доаѓате. Всушност, мислам дека колку потешко детство имате, со повеќе тешкотии и предизвици, тоа ве прави посилни”, рече Новак и додаде:
“Вистински не дозволувајте никој да ви го одземе тој сон. Негувајте го и полевајте го како што полевате цвеќе. Дури и ако најдете само една личност во овој свет која ќе ги прифати, прегрне и поддржи вашите соништа, пронајдете ја таа личност и сонувајте големо. Вие можете тоа.”
Новак во својата кариера освоил вкупно 100 титули. Заработил речиси 200 милиони долари низ турнирите, а моментално е светски број четири.