Дома Останати Тенис Ѓоковиќ искрен пред стартот на Ролан Гарос: Размислував за пензија

Ѓоковиќ искрен пред стартот на Ролан Гарос: Размислував за пензија

Најуспешниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, непосредно пред својот прв настап на Ролан Гарос, им се обрати на новинарите во Париз, споделувајќи лични размисли и емоции поврзани со крајот на една ера во светскиот тенис.

Популарниот Ноле денеска од 16 часот ќе го започне својот поход кон 25. гренслем-титула, а негов противник во првото коло ќе биде Американецот Мекдоналд. Меѓутоа, повеќе од резултатите, вниманието го привлекоа зборовите на Ѓоковиќ, кој отворено зборуваше за тоа дека размислувал за крај на кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Навистина, ми минаа такви мисли низ глава додека го гледав Рафа и го слушав неговиот емотивен говор. Особено во тие моменти кога тројцата – јас, Федерер и Мареј – бевме во собата, разговаравме за нивните збогувања, за нашите ривалства…“, откри Ѓоковиќ.

Тој призна дека чувствата му се мешани: „Од една страна, сум горд што уште сум активен и што продолжувам да се натпреварувам на највисоко ниво, но од друга – има тага што тие веќе не се дел од турнејата.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан …