Дома Останати Тенис Ѓоковиќ имал понуда која е тешко да се одбие: Никогаш не би го направил тоа!

Ѓоковиќ имал понуда која е тешко да се одбие: Никогаш не би го направил тоа!

Најголемиот тенисер на сите времиња, во интервју со Џеј Шети, го сподели своето мислење за тоа што е најважно кога некоја компанија му предлага соработка. Тоа не е парите, колку и да се големи.

„Одбив многу компании бидејќи нивните вредности не соодвествуваа со моите. Ми е тешко да застапувам нешто и да го препорачувам на илјадници луѓе ако не верувам во тоа – никогаш не би консумирал тој пијалок или јадел тој производ. Ако не е компатибилно со мојата филозофија, тогаш нема да оди. За моите агенти тоа можеби не е идеално, но мирен сум во душата бидејќи знам дека правам вистинска работа“, истакна Новак.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Српскиот ас разговараше и за младите тенисери.

„Седиме едни покрај други, загреваме се еден до друг пред големите финалиња. Во фудбалот и кошарката противниците не се гледаат додека не излезат на теренот. Кај нас, се гледаме, тимовите се гледаат, борбата започнува веќе тогаш. Од тој аспект е тешко да очекуваш некој да ти се обрати за совет, но постојат други начини надвор од теренот. Има млади играчи кои се отворени, љубопитни и флексибилни. Зависи и од карактерот, некои се посрамежливи. Често се случува членови на тимот на некој играч да ме прашаат преку мојот тим, а потоа јас приоѓам и велам: ‘Во ред е, можеме да зборуваме’. Добивам одговор: ‘Да, но не сакам да те прекинам итн’. Важно е да имаме добра комуникација бидејќи тоа го зголемува меѓусебното почитување“, раскажа Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ изговори зборови што никој не сака да ги слушне: Емоциите беа посилни од него по едно прашање

Новак Ѓоковиќ моментално се одмара во Грција и се подготвува за завршницата на сезоната, а…