
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за УС Опен, кој му почнува ноќта меѓу недела и понеделник во 01.00, кога ќе игра првиот меч против Лернер Тијен.
Ноле го искористи слободното време да биде гостин на еден од најголемите спортски спектакли во Америка, дуелот меѓу Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс, најголемите бејзбол тимови во светот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ доби и чест да го започне натпреварот, па ја фрли топката и церемонијално даде знак за почеток на судирот на големите ривали.
Србинот беше одлично расположен, имаше и мал шоу, но еден детал ги загрижи неговите навивачи.
Ѓоковиќ се појави на овој натпревар со опшивка на целата десна рака.
Дали е тоа само претпазливост, или постои некаков проблем со раката, не е познато.
Навивачите секако ги загрижи опшивката преку целата десна рака, која му направи проблем во минатото заради операција на лактот во 2018 година, што беше најтешката повреда во кариерата на Новак.
Фото: Принтскрин