Дома Останати Тенис Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука – негов прв турнир нема да биде Австралијан Опен

Ѓоковиќ донесе изненадувачка одлука – негов прв турнир нема да биде Австралијан Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро ќе го заврши одморот и ќе започне со новите тениски обврски, бидејќи сезоната 2026 е пред врата. Австралија Опен ќе се игра за малку повеќе од еден месец, а српскиот ас ќе се подготвува за ова натпреварување исто така во Австралија.

Ноле одлучи да се врати во Аделаида првпат од 2023 година, кога во финалето го победи Себастијан Корда и ја освои титулата. Сега, од 12 до 17 јануари 2026 година, ќе се обиде да го повтори тој успех и да дојде до 102-та титула во кариерата, потврдија организаторите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На турнирот од категорија 250 ќе учествуваат Џек Дрејпер, Жоао Фонсека, Томи Пол, Стефанос Циципас, така што конкуренцијата нема да биде нималку лесна, но Ѓоковиќ на хартија е прв фаворит да го подигне трофејот.

Минатата година Србинoт сезоната ја започна во Брисбејн, а оваа година се надева дека Аделаида ќе биде доволна подготовка, пред нападот на новото завршно Гренд слем. АО минатата година ја започна неговата серија од четири полуфиналиња на најголемите натпреварувања, и покрај годините и многу помладите ривали, кои би требало да бидат во топ форма. Сепак, Новак уште има што да понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синот на Трамп по страшниот напад во Австралија, потсети на случајот со Ѓоковиќ

Синот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп Јуниор, г…