Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до финалето во Мадрид треба да помине преку Дрејпер и Алкараз

Ѓоковиќ до финалето во Мадрид треба да помине преку Дрејпер и Алкараз

Заврши ждрепката за мастерсот во Мадрид, четвртиот турнир во сезоната од АТП серијата 1.000, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој е поставен како четврти носител, дозна дека патот до финалето ќе го бара преку играчи кои оваа сезона веќе имаат освоено титули на турнири од оваа категорија.

Во првото коло Ѓоковиќ е слободен, а во второто ќе игра против подобриот од дуелот Арналди (Италија) – квалификант.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ако оди понатаму, следниот противник би требало да му биде 32. носител, аргентинецот Баез, додека во осминафиналето според проекцијата би играл против 16. носител, американецот Френсис Тиафо.

Ривалот во четвртфиналето би можел да му биде петтиот носител, британецот Џек Дрејпер, кој годинава го освои Индијан Велс, додека во полуфиналето можеме да гледаме „класик“ меѓу Новак и вториот носител, Карлос Алкараз, кој неодамна го освои мастерсот во Монте Карло.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…