
Виктор Ѓокереш, новиот напаѓач на Арсенал, неделава стави потпис на договор со лондонскиот клуб, ставајќи крај на еден од најдолгите трансфер саги во овој период. Овој шведски фудбалер со унгарско потекло пристигна од Спортинг Лисабон во трансфер вреден 70 милиони фунти (околу 81 милион евра).
Вчера пишувавме за рекордот што го сруши Ѓокереш во продажба на дресови со неговото име, а англиските медиуми веќе известуваат за новата пресвртница. Во пресрет на сезоната, Ѓокереш учествуваше на тестирање на тимот. Неговиот удар беше измерен како најбрзиот во екипата, достигнувајќи брзина од 130 километри на час.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Импресивноста на овој податок е потврдена и со споредба со најсилниот удар регистриран во Премиер лигата минатата сезона, кој беше дело на напаѓачот Александар Исак и изнесуваше 109 км/ч. Во Арсенал беа свесни дека се работи за играч со физичка сила, но англиските медиуми велат дека резултатот гi вчудовиде.
Во Арсенал се надеваат дека во Ѓокереш конечно најдоа напаѓач кој ќе го реши проблемот со реализацијата. Швеѓанецот доаѓа во Лондон по успешна кариера во Спортинг Лисабон каде постигна 97 голови во 102 настапи. Неговата форма го направи еден од најбараните напаѓачи во Европа, а во борбата за неговиот потпис, Арсенал го надмина и Манчестер Јунајтед.