Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка и денеска славеше поритв Карлос Алкараз на Австралија Опен со 3:1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3 и 6-4).
Ѓокови добро започна и дојде до брејк уште на стартот за водство од 2:0, но Алкараз возврати и ја презема контролата, па го освои првиот сет.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Изгубениот сет не го разочара Ѓоковиќ и вториот сет го започна на сличен начин и поведе со 3:0. Алкараз дојде до 3:3, меѓутоа Ѓоковиќ тука не дозволи некаков пресврт како во првиот, па го доби сетот со 6:4.
Одличен беше Ѓоковиќ и во третиот сет, но не се предаваше и Алкараз и одлично парираше на теренот. Сепак, сетот му припадна на Ѓоковиќ со 6:3.
Во одлучувачкиот сет Ѓоковиќ направи брејк во првиот гем и таа предност ја зачува до крајот.