Дома Фудбал Го навредуваше Клоп, се почести со „бело“, сега е суспендиран од УЕФА

Го навредуваше Клоп, се почести со „бело“, сега е суспендиран од УЕФА

Судијата Дејвид Кат, кој се најде во центарот на вниманието откако во јавноста излегоа снимки на кои го навредуваше поранешниот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп, е суспендиран и од страна на Европската фудбалска унија.

Прво до јавноста допре споменатата снимка, потоа информации дека консумувал кокаин, дека местел за кладилници, па доби отказ во Премиер лигата, а потоа дознавме и дека е геј. Имено, токму тоа што го криел доведе до низа лоши одлуки поради кои сега го стигнуваат последиците.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


На крајот следува суспензија изречена од УЕФА.

УЕФА му забрани на Кат да се занимава со судење до јуни 2026 година, откако тој во декември 2024 година доби отказ во Премиер лигата и ЕФЛ.

Меѓу одлуките кои минатата недела ги донесе контролното тело за етика и дисциплина на УЕФА се најде и суспензијата за Кат.

Беше наведено дека го прекршил основните правила за пристојно однесување и дека го нарушил угледот на фудбалот и УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид

За Себаљос нема повеќе место во Реал Мадрид и тимот му предложи да си побара нов клуб. 28-…