Дома Фудбал Го купија за 18 милиони евра и веднаш го продадоа за 25, но го задржаа до лето и сето тоа – во еден ден!

Го купија за 18 милиони евра и веднаш го продадоа за 25, но го задржаа до лето и сето тоа – во еден ден!

Една од најлудите приказни од последниот ден на преодниот рок ни доаѓа од Англија каде што Брајтон го ангажираше грчкиот напаѓач Стефанос Цимас за 25 милиони евра.

Претставникот на младинската репрезентација на Грција прво беше донесен во Нирнберг за 18 милиони евра, што мораше да му ги плати на ПАОК за откуп на неговиот договор, а неколку часови подоцна го продадоа во Англија.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Нирнберг направи рекорден трансфер за еден клуб во германската втора лига и веднаш го препродаде во Англија за седум милиони повеќе.

Интересно, Цимас ќе остане на позајмица во германската втора лига до крајот на сезоната, што оваа зделка ја прави една најдобрите зделки во овој преоден рок.

“Многу сум среќен што мојот сон да играм во Премиер лигата ќе се оствари ова лето. Сакам да му се заблагодарам на Нирнберг за шансата што ми ја дадоа и за довербата што ми ја укажаа”, кажа Цимас и додаде:

Иначе, Цимас оваа сезона одигра 18 натпревари за Нирнберг и постигна десет гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …