
Лоши вести за Ханси Флик и Барселона пристигнаа по денешниот тренинг на екипата во петок, пред неделниот (26 октомври, 16:15) Ел Класико против Реал во Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Според извештаите на неколку шпански медиуми, Бразилецот Рафинја дефинитивно е „нокаутиран“ за големиот меч и нема да може да се појави на теренот, бидејќи, како што изгледа, уште не ја прележал повредата што го мачи веќе еден месец.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако извештаите на шпанските медиуми од четвртокот навестуваа дека Рафинја може да учествува во Ел Класико, ситуацијата се промени денес – 28-годишниот играч почувствува болки и го напушти тренингот на шпанските шампиони.
Така, каталонскиот тим, покрај отсутните играчи како што се Тер Штеген, Жоан Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски, ќе мора да се потпре и без Рафинја.
Останува неизвесно дали и самиот тренер ќе биде на клупата, со оглед на тоа што е казнет со една натпреварувачка суспензија, а жалбата на Барселона во прв степен беше одбиена.
Него покрај авт линијата би можел да го замени Тијаго Алкантара, кој е еден од петте асистенти на Флик во Блауграна.