Дома Фудбал Ги дочека своите „пет минути“: Винисиус вчера на најдобар начин му се одмазди на Отаменди за провокацијата со тетоважите (Видео)

Ги дочека своите „пет минути“: Винисиус вчера на најдобар начин му се одмазди на Отаменди за провокацијата со тетоважите (Видео)

Беше бурен натпревар помеѓу Бенфика и Реал, одигран минатата недела во првата средба од доигрувањето за нокаут фазата на Лигата на шампионите. Гостите во Лисабон успеаја да победат со 1:0, благодарение на голот на Винисиус Жуниор во 50-та минута. Провокативното славење на голот на Бразилецот, поради кое доби жолт картон, создаде бркотница на теренот.

Винисиус тврдeше дека потоа бил расистички навредуван од играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, што го пријави на судијата Франсоа Летехиер и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо. Судијата го прекина натпреварот по пријавата, но потоа се продолжи без санкции за Престијани.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во судиското продолжение се случи сцена која стана вирална. Николас Отаменди, аргентинскиот дефанзивец на Бенфика, при вербален дуел со Винисијус, го провоцираше така што ја крена маицата и ги покажуваше тетоважите на трофеите што ги освоил, кои Бразилецот ги нема. Отаменди ги покажуваше тетоважите на трофеите од Светското првенство, Копа Америка и Финалисима, натпревар помеѓу шампионите на Европа и Јужна Америка.

Во реваншот во Мадрид, резултатот до 80-та минута беше 1:1 и Бенфика можеше да израмни со уште еден гол за продолженија. Сепак, тогаш Винисијус спектакуларно му се реваншираше на Отаменди. Феде Валверде одигра од половината на Реал напред, проигрувајќи го Винисијус во простор.

Иако Отаменди (38) во тркот имаше неколку метри предност во однос на Винисиус, 13 години помладиот Бразилец лесно го претрча аргентинскиот ветеран и капитен на Бенфика, освојувајќи ја топката и фаќајќи го голманот Анатолиј Трубин сосема неподготвен, што доведе до лесно постигнут гол.

Навивачите на Реал ги споделуваат снимките од акцијата, велејќи дека Винисиус се задоволил со впечатлива одмазда против провокациите на Отаменди со тетоважите на трофеите. „Отаменди се бореше за живот, неуспешно обидувајќи се да го фати Вини“, еден е од коментарите на снимките на бегството и голот на асот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја објасни одлуката која предизвика бурни реакции на клупата на Јувентус (Видео)

Реванш натпреварот меѓу Јувентус и Галатасарај донесе вистинска драма во Торино. Еден дета…