Дома Фудбал Германецот не е задоволен: Тухел јавно ги критикуваше англиските фудбалери!

Германецот не е задоволен: Тухел јавно ги критикуваше англиските фудбалери!

Англија во саботата ја совлада Андора со минимална победа во квалификациите за Светското првенство, во групата К. Иако Англија забележа три победи во три квалификациски натпревари, Томас Тухел, очекувано, не беше задоволен од играта против Андора.

Гледачите сведоци на тежок натпревар кој Англичаните го одиграа и немаат причина за радост. Селекторот Томас Тухел беше доста остар во своите изјави.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Особено ме загрижија последните 20 минути бидејќи односот на играчите не ми се допадна. Недостигаше желба, не одговаравме на задачата, без разлика на ривалот, сепак се работи за квалификациски натпревар за Светско првенство. Ќе разговараме со играчите во недела и ќе им објасниме што точно очекуваме од нив“, изјави Тухел по натпреварот.

„Мислам дека ни недостигаше сериозност и желба која е неопходна при играње квалификации за Мундијал. Се играше со оган, односот на играчите не ми се допадна, нивниот јазик на телото беше погрешен. Тоа не е однесување што одговара на вакви околности“, додаде Тухел.

„Првите 20-25 минути играта беше добра, но потоа, по пропуштените шанси, го загубивме моментумот и не успеавме да се вратиме до крајот на првото полувреме. На почетокот од второто полувреме повторно беше кратко во ред, но на крај сè се распадна. Треба да признаеме дека ова не е што очекуваме, мораме да бидеме подобри веќе во вторник“, заврши Тухел.

Англија во вторник игра пријателски натпревар со Сенегал, што ќе биде прилика за Тухел да реши некои од проблемите.

Фото: Енгланд FA/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи објави важен потпис

Наполи го објави продолжувањето на договорот со голманот Алекс Мерет. Новиот договор е вал…