Дома Фудбал Гери Невил откри колку заработувал во својата последна сезона: Не ми беше гајле, ќе потпишев било што!

Гери Невил откри колку заработувал во својата последна сезона: Не ми беше гајле, ќе потпишев било што!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гари Невил (50), сподели детали за својата плата во текот на својата последна сезона на Олд Трафорд, пред да се повлече од активното играње фудбал во 2011 година, пренесува The Sun. За време на дискусија за договорот на неговиот поранешен соиграч Рој Кин (54) во емисијата The Overlap, 50-годишниот Невил направи споредба меѓу нивните приходи.

Тој истакна дека Кин во 2005 година, шест години пред Невил да замине во пензија, заработувал еден милион фунти (1,1 милион евра) годишно само од бонуси при потписи на договори. Невил откри дека во својата последна сезона во 2011 година, неговата годишна плата изнесувала 2,3 милиони фунти (2,6 милиони евра).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Невил не придавал големо значење на преговорите за финансиските услови во договорите. “Тоа беше двојно повеќе од она што го заработував во последниот договор. Рој си замина шест години пред мене, јас завршив со 2,3 милиони фунти во 2011 година”, изјави Невил и додаде:

“Не преговарав за моите договори, само ги потпишував, не ми беше важно. Што и да ми понудеа, само велев: ‘Во ред е, не ми е гајле.'”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

БАРСЕЛОНА ОБЈАВИ: Направен важен потпис на почетокот на сезоната!

Барселона започна со одбраната на титулата во Ла Лига со убедлива победа како гостин проти…