Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички.
Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза“, потенцира Герасимовски.
Новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење. Со реконструкцијата ќе се овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена.



