Дома Останати Кошарка Генијалноста на Јокиќ повторно на дело: Во пет секунди ги воодушеви Американците (Видео)

Генијалноста на Јокиќ повторно на дело: Во пет секунди ги воодушеви Американците (Видео)

Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 119:107 и изедначија на 3-3 во серијата, а Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е со глава и со брада Доктор Стрејнџ или господар на времето.

Во шестиот натпревар од серијата против Оклахома, Никола Јокиќ повторно покажа зошто го сметаат за еден од најинтелигентните кошаркари на денешницата. Во моментот кога неговиот соиграч направи лошо додавање, Јокиќ реши да не ја фати топката веднаш, туку ја пушти да се свртува полека кон линијата за аут.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со тој начин успеа да „украде“ повеќе од четири секунди игра, драгоцени за неговиот тим кој во тој момент имаше предност. Иако тој потег не ја одлучи директно играта, покажа неверојатна способност да препознае и искористи секој детаљ на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…