
Навивачите на Арсенал се возбудени. Конечно добија сериозно решение за позицијата класичен центарфор во ликот на Виктор Ѓекереш. Шведскиот голгетер истакнува дека, иако ова лето беше многу баран, за него постоеше само една дестинација – Лондон.
Ова лето, Ѓекереш пристигна од Спортинг во трансфер кој би можел да достигне и до 75 милиони евра. Интересирање постоеше, но јасно беше дека Арсенал е најголемиот фаворит за неговиот потпис.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Многу клубови беа заинтересирани, но јас само сакав да дојдам во Арсенал. Ова е најдобриот клуб за мене. Трансферот не беше лесен. Некои луѓе постојано зборуваа во медиумите, мислејќи дека го заштитуваат клубот,“ изјави Ѓекереш.
Ѓекереш има искуство од фудбалот во Англија, но не се снајде најдобро на Островот. Сепак, во последните две години целосно блесна во Спортинг, постигнувајќи 97 голови на 102 натпревари.