Дома Фудбал Газдите на Челси донесоа одлука за иднината на Мареска

Газдите на Челси донесоа одлука за иднината на Мареска

Раководството на Челси сака Енцо Мареска и следната сезона да остане менаџер на лондонскиот фудбалски клуб, пренесе вечерва Би-Би-Си (BBC).

Британските медиуми наведуваат дека спортските директори на Челси Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли планираат Мареска да остане во лондонскиот клуб најмалку до јуни 2026 година, дури и ако „сините“ не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Челси се наоѓа на петтото место на табелата на Премиер лигата со 63 бода, два кола пред крајот на сезоната. Лондонскиот клуб до крајот на сезоната ќе игра против Манчестер јунајтед и Нотингем Форест во англиското првенство.

Би-Би-Си потсетува дека Англија следната сезона би требало да има шест тима во Лигата на шампионите, што значи дека Челси има реални шанси да се пласира во најголемото европско клупско натпреварување.

Челси на 28 мај ќе игра во финалето на Лигата на конференции против Бетис.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…