Дома Фудбал Гатузо порачува: Ќе се преселам ако не ја одведам Италија на Светско првенство!

Гатузо порачува: Ќе се преселам ако не ја одведам Италија на Светско првенство!

Италијанската репрезентација запиша две победи во последниот квалификациски круг, но потребно им е вистинско чудо за директен пласман на Светското првенство.

Во суштина, Италија ќе мора да постигне убедлива победа против лидерот Норвешка, која ги совлада во првиот натпревар, што ги остава на прагот на баражот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поради тоа како што стојат работите Италија ќе оди во баражот.

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, свесен е за важноста од пласман на Светското првенство и даде една интригантна изјава по повод оваа ситуација.

“Доколку Италија не се квалификува на Светското првенство 2026 година, јас ќе се иселам од земјата. Веќе живеам доста далеку, но ќе одам уште понатаму”, изјави Гатузо.

Да потсетиме, Гатузо го презеде раководството на Италија во јуни и има остварено победи во сите четири натпревари кои ги водеше.

Претходно ги водеше тимовите на Хајдук, Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем со надеж дека ќе го спаси лондонскиот …