
Како ново име за клупата на Лацио, во случај на заминување на тренерот Маурисио Сари, се спомнува и Џенаро Гатузо, пишуваат италијанските медиуми специјализирани за случувањата во Лацио. Гатузо, кој последно беше ангажиран во Хајдук од Сплит, овие денови треба да се состане со Клаудио Лотито и спортскиот директор Анџело Фабијани.
Ако не падне договор со Маурисио Сари, Џенаро Гатузо станува прв фаворит за преземање на клупата на Лацио. Така пишува денешното издание на Кориере дело Спорт, наведувајќи дека двете страни веќе воспоставиле контакт и договориле состанок на кој ќе учествува и спортскиот директор Фабијани.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Претседателот Лотито посакуваше Гатузо уште во 2021 година, кога преговорите со Инзаги за продолжување на договорот запреа. Тогаш Симоне замина во Интер, а Гатузо ја презеде Фиорентина.
Четири години подоцна повторно се отвора простор за доаѓање на Гатузо на клупата на Лацио. Се чини дека неговата судбина повторно е поврзана со Маурисио Сари: тогаш дојде Сари по отказот на Гатузо, а сега би можел да дојде Гатузо по можниот отказ на Сари.
Фото: Принт-скрин