
Џан Пјеро Гасперини може ова лето да ја преземе Рома, објавија италијанските медиуми. Гасперини од 2016 година ја води Аталанта, која освен со одлични резултати, привлекува внимание и со атрактивниот фудбал. Под негово водство, тимот е постојано на врвот на италијанскиот фудбал и настапува во европски натпреварувања.
Во Серија А биле веќе еднаш втори, три пати трети и два пати четврти. Најлошиот пласман под водство на Гасперини Аталанта го оствари во сезоната 2021./22., кога заврши на осмото место. Минатата сезона им беше најуспешна, завршија втори во италијанското првенство и ја освоија Лига Европа.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Аталанта и оваа сезона е на врвот на италијанскиот фудбал, 12 кола пред крајот на првенството држи трето место. За второпласираниот Наполи заостанува два, а за водечкиот Интер – три бода. Единствениот минус е елиминацијата во доигрувањето за осминафиналето на Лигата на шампионите од белгискиот Клуб Бриж.
Сегашниот тренер на Рома Клаудио Раниери, како што пишуваат италијанските медиуми, веќе разговарал со Гасперини за преземање на клубот од Рим. Гасперини, чиј договор со Аталанта истекува во јуни следната година, изјави во саботата дека нема намера да ја продолжи соработката со тимот од Бергамо.