Дома Останати Ракомет Гарабаја за големата победа над ПИК Сегед: Секој сфати што треба да прави!

Гарабаја за големата победа над ПИК Сегед: Секој сфати што треба да прави!

Македонскиот ракометен првак Пелистер ја запиша својата втора победа сезонава во Лигата на шампионите, откако синоќа во Битола го совлада унгарскиот ПИК Сегед во возбудлив натпревар што се решаваше во последните минути.

Со овој триумф, битолчани се вратија во трката за место во нокаут фазата од најсилното европско натпреварување, а стратегот Рубен Гарабаја не го криеше задоволството од настапот на своите избраници, нагласувајќи ја колективната игра како клуч за успехот против фаворитот од Сегед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Го почнавме натпреварот со неверојатна одбрана, мислам дека ПИК Сегед го сфати тоа и почна да игра седум на шест. Имавме неверојатен голман во првиот дел, но со таа игра противникот дојде до лесни шутеви и ни направи проблем. Во вториот дел се боревме и ние и тие, плус еден за нас, плус еден за нив, но на крајот победивме како тим. Секој играч си ја сфати својата улога и сите разбраа дека се важни во овој меч. Кога сите работи функционираат и ние сме како тим, може да го победиме секого. Мора да бидеме перфектни, да ни биде јасно дека со план како во првиот дел, кога сите сме внатре, тимот работи. ПИК Сегед можеби имаше проблеми со повреди пред овој меч, ама ова беше многу важна победа за нас“, изјави Гарабаја.

Во следното коло Пелистер повторно ќе се сретне со ПИК Сегед, овојпат на гостински терен, тој дуел е закажан за на 20 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…