Дома Останати Ракомет Галевски блесна во пенал-рулетот: Македонија го совлада Бразил

Галевски блесна во пенал-рулетот: Македонија го совлада Бразил

Македонската младинска ракометна репрезентација продолжува со одличните настапи на Светското првенство, забележувајќи ја и втората победа, овојпат над селекцијата на Бразил. По драматичен меч кој во регуларниот дел заврши 34-34, младите „црвено-жолти“ славеа по изведувањето на пенали, благодарение на херојските одбрани на голманот Галевски.

Натпреварот, кој се играше во рамки на разигрувањето за пласман од 25 до 28 место, започна со изедначено темпо – двете селекции постојано се менуваа во водство. Сепак, во финишот на првото полувреме избраниците на селекторот Раде Стојановиќ покажаа поголема концентрација и обезбедија водство од три гола на пауза (18-21).

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во вториот дел, Бразил значително го подигна нивото на игра и веќе по пет минути го израмни резултатот на 22-22. Потоа следуваше пад во играта на Македонија, што противникот го искористи за да поведе со четири гола разлика (29-25).

Но, македонските млади ракометари покажаа борбен дух и успеаја да се вратат во игра. Со гол постигнат осум секунди пред крајот на натпреварот, Македонија израмни на 34-34 и избори пенал-серија.

Токму тука блесна голманот Галевски, кој со две клучни одбрани на седмерци им ја донесе победата на своите соиграчи, обезбедувајќи нов триумф за Македонија на светската сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Новo големо засилување за Охрид: Пристигнува екс-ракометар на Вардар и Металург!

Искусното српско крило Дарко Ѓукиќ повторно се сели во македонскиот ракомет, но овојпат ќе…