Дома Фудбал Галатасарај го обвини Мурињо за расизам кон Турците и најави кривична пријава

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам кон Турците и најави кривична пријава

Турбуленциите во турскиот фудбал не стивнуваат по нерешениот исход од големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче во 24. коло од првенството. Резултатот остана 0:0, со што Галатасарај задржа предност од шест поени по 24. коло, а вниманието на јавноста сега го привлекува “аферата Мурињо”.

Поради чувствителноста на натпреварот, ангажирани беа странски судии, а натпреварот го водеше словенечкиот арбитер Славко Винчиќ. Токму пофалбите за Винчиќ од страна на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, предизвикаа бурни реакции. Галатасарај реагираше со официјално соопштение, обвинувајќи го Мурињо за расизам и најавувајќи правни чекори:


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


“Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, кој редовно во јавноста изнесува навредливи коментари кон турскиот народ откако започна да работи во Турција, сега со своите неморални изјави додава и – нехумана реторика. Затоа ја информираме јавноста дека поради расистичките изјави на Жозе Мурињо ќе поднесеме кривична пријава до државното обвинителство и исто така ќе поднесеме пријава до УЕФА и ФИФА”.

Мурињо го пофали Словенецот и ги критикуваше турските судии

Мурињо во изјавата, поради која Галатасарај најави правна битка, рече: “Влегов во соблекувалната и му се заблагодарив на Винчиќ за начинот на кој го судеше овој натпревар. Со него беше и турски судија, а на него му објаснив дека дербито ќе беше катастрофа да го судеше некој од домашните судии.

Судењето на крајот беше фер во многу тежок амбиент на дербито. Се надевам дека турските судии го гледаа ова и дека ќе си кажат сами на себе дека отсега сакаат фер да судат. Тогаш во лигата нема да биде циркус како досега”.

Овие зборови предизвикаа негодување од дел од турската спортска јавност, продлабочувајќи го јазот меѓу клубовите меѓу кои и онака владее големо ривалство кое често се пројавува во форма на отворена омраза на трибините и навивачки нереди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – навредите нема да му ги прости!

Фудбалскиот клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенер…