Дома Фудбал Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – навредите нема да му ги прости!

Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – навредите нема да му ги прости!

Фудбалскиот клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, обвинувајќи го за расистички коментари по натпреварот од првенството меѓу двата истанбулски тимови.

Галатасарај и Фенербахче одиграа нерешено 0:0 синоќа, а по натпреварот домаќинот Галатасарај го обвини 62-годишниот португалски тренер за „упорно давање навредливи коментари за турскиот народ“.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Денес неговата реторика ескалираше. Официјално покажуваме намера за покренување кривична постапка во однос на расистичките изјави на Жозе Мурињо и соодветно ќе поднесеме официјални жалби до УЕФА и ФИФА“, објави синоќа Галатасарај.

Мурињо оваа сезона беше суспендиран поради критики за судиите и лигата, а по синоќашниот натпревар изјави дека ја поздравува одлуката странски судија да го води натпреварот и го пофали Словенецот Славко Винчиќ за „одличниот настап“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младиот талент од Спортинг на мета на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се соочува со потреба од голема реорганизација, која опфаќа не само стр…