Дома Фудбал Гаф на годината: „Торцида“ гостуваше во Тирана, црногорски политичар се пофали дека им пристигнуваат – пожарникари!

Гаф на годината: „Торцида“ гостуваше во Тирана, црногорски политичар се пофали дека им пристигнуваат – пожарникари!

Во Црна Гора, потпретседателот на Подгоричката собранија, Драгутин Вучиниќ, доживеа неочекувана реакција откако на „Фејсбук“ објави погрешна информација за конвојот возила кој минуваше низ земјата.

Илјадници поддржувачи на Хајдук тргнаа накај Тирана за претстојниот натпревар против Динамо Тирана, по победата од 2:1 во првиот натпревар од третото коло во квалификациите за Конференциската лига.

Клубот најави дека околу 1,500 навивачи ќе ги бодрат од трибините на стадионот „Ер Албанија“. Според извештаите, 18 автобуси преполни со навивачи, проследени со конвој од возила, пристигнале во Албанија да навиваат за војот тим..

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Патувањето на овие фанови преку Црна Гора предизвика големо внимание и погрешни претпоставки.

Има, информации дека огромна колона автобуси и камиони под полициска придружба се движи од Никшиќ и Даниловград кон Подгорица. Според проценки, можат да бидат преку 500 пожарникари од Босна и Херцеговина и Хрватска, со дополнителни камиони” — напиша Вучиниќ на социјалните мрежи.

Несогласувањето настана поради фактот дека возилата не се подготвени за помош против пожари, како што Вучиниќ претпоставил, туку биле конвој на навивачи на Хајдук.

Последните денови во Црна Гора навистина се случуваат пожари, и помош пристигнува од Хрватска, Србија и Босна, но овој пат се работеше за недоразбирање.

Вучиниќ набргу ја отстрани објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полициска акција: Приведени биле фудбалери и тренери на Кожуф и Башкими!

Утрово во Гевгелија беше спроведена полициска акција на повеќе локации, насочена кон откри…