Дома Фудбал Футсалците ги започнаа подготовките за натпреварите со Холандија и Андора

Футсалците ги започнаа подготовките за натпреварите со Холандија и Андора

Македонската футсал репрезентација на 7 и 1 март ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство. На домашен терен во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе ја пречекаме селекцијата на Холандија (7. март, 19:00 часот), а пет дена подоцна гостуваме во Андора против домашните футсалци.

Селекторот на нашата футсал репрзентација, Васко Скендеровски за двете квалификациски пресметки ќе смета на следните играчи:


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


ГОЛМАНИ:ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект), СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца), СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)

ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца), БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект), ЗИБЕРИ Садат (Порде Ноне, Италија), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Форца), ДИМКОВ Виктор (КМФ Осогово)

НАПАД: ИСМАИЛИ Таулант (КМФ Форца), ЈАНЕВ Бојан (КМФ Проект), РАМАДАНИ Јакуп (ФЦ Приштина, Косово), РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца), ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово), СЕФЕРИ Еркан (ФЦ Приштина, Косово), ПЕЕВ Лазар (КМФ Бутел)

ПИКЕРИ: КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца)

Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора. Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го презема легенда на клубот која освоила пет пехари во Серија А

Според пишувањето на порталот „Фудбал Италија“, Милан во моментов не планира да го отпушти…