Дома Фудбал Фудбалски рај меѓу облакодерите: Најчудната градба на стадион во светот носи посебна приказна (Видео)

Фудбалски рај меѓу облакодерите: Најчудната градба на стадион во светот носи посебна приказна (Видео)

Повеќе или помалку, водечките стадиони во Европа се познати на фудбалските вљубеници, но на другата страна на светот има големи стадиони кои носат посебни приказни.

Во Азија има посебна инфраструктура, станува збор претежно за стадиони кои носат епитет национални, а некои се специфични по многу нешта.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еден од најчудните стадиони е во Хонг Конг, познат како стадионот “Со Кон По”.

Станува збор за национален стадион каде игра и репрезентацијата на Хонг Конг и е домаќин на големи клупски натпревари во Хонг Конг.

Овој стадион носи посебна приказна. Изграден е во 1953 година, но во 1994 година претрпе целосно реновирање со тогаш неверојатни идеи.

Имено, во Хонг Конг сакаа Азија да го има својот “Вембли” според култниот стадион во Лондон, но целата конструкција не успеа да го следи тој изглед.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…