
Познатиот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина потврди воведување на револуционерно правило кое од новата сезона ќе се применува во сите натпреварувања, започнувајќи со Светското клупско првенство во Америка.
Во фудбалот се движат огромни пари, поради што на сите начини играта се настојува да се направи што е можно поправедна и поинтересна, со цел да не се изгуби популарноста и интересот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Еден од проблемите во фудбалската игра е одолговлекувањето и крадењето на времето. Меѓутоа, со новото правило тоа веќе нема да биде случај.
Имено, од ова лето, во сите натпреварувања ќе се применува правилото на осум секунди. Толку време ќе има голманот да ја испука топката, ако не го стори тоа, ќе се досуди корнер за противничката екипа.
Во последните години сме сведоци дека само за изведување на прекин и гол аут, се губат околу 30 секунди, што е доволно време за организација на сериозен напад.
Сега во ФИФА одлучија да го прекинат тоа, што го потврди и Колина, опишувајќи го како добра вест за играта.
“Ова е најважната иновација која е навистина насочена кон отстранување на загубата на време. Ќе биде имплементирана во сите фудбалски натпревари, започнувајќи од ова лето,” изјави Италијанецот.
Фотографија: Принтскрин