Дома Фудбал Фудбалот е повеќе од игра во оваа земја: Двете легенди добиваат голема чест

Фудбалот е повеќе од игра во оваа земја: Двете легенди добиваат голема чест

Понекогаш, фудбалерите стануваат симболи и легенди на своите држави, особено во Јужна Америка каде фудбалската страст често преминува граници кои тешко се дефинираат.

Уругвај се смета за една од јаслите на фудбалот, особено кога станува збор за репрезентативниот аспект.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Уругвај е земја домаќин на првото Светско првенство во 1930 година, а можат да се пофалат и со две титули светски шампиони во 1930 и 1950 година.

Во поново време, Уругвај игра важна улога на светската фудбалска сцена.

Тука се издвојува Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога завршија на четвртото место, а тој шампионат беше запомнет и по раката на Суарез во мечот против Гана.

Луис Суарез се издвојува како еден од најголемите уругвајски фудбалери во последниве две децении.

Покрај Суарез, тука е и Единсон Кавани, двајца фудбалери кои сочинуваа мошне успешен напаѓачки тандем во светот на фудбалот.

За да им се оддолжи на своите фудбалски херои, Уругвај реши да преземе одредени мерки.

Имено, градот Салто, со население од околу 115.000 жители на границата со Аргентина, донесе одлука две улици да носат имиња според Луис Суарез и Единсон Кавани.

Но тоа не е сè. Со присуство на Моника Фалциони, поранешна атлетичарка и уругвајска олимпијка, беше свечено откриена и плоштад со името “Тера ди Кампиони”, како и предлог да се нарече Меѓународниот аеродром Салто по Единсон Кавани.

Во овој уругвајски град сакаат со овој чекор да искажат благодарност на извонредните фудбалери за својот придонес кон државата.

Инаку, Уругвај е една од помалите нации кои успеале да дојдат до финалните фази на Светското првенство, покрај Хрватска.

Фудбалската репрезентација на Уругвај имала значајни генерации, но новиот тим ветува многу во иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …