Дома Фудбал Фудбалерот со најмногу настапи за репрезентацијата на Белгија заминува во пензија

Фудбалерот со најмногу настапи за репрезентацијата на Белгија заминува во пензија

Јан Вертонген (37) ќе ја заврши својата кариера на крајот на оваа сезона. Белгискиот стопер и рекордер по број на настапи за репрезентацијата на Белгија, ја завршува кариерата како играч на Андерлехт, каде што ги помина последните три сезони.

“Во последните неколку недели ми стана јасно дека овие ќе бидат моите последни натпревари. Одлуката не беше лесна, но е исправна. Забележав дека ми е сè потешко физички да се подготвувам за тренинзи и натпревари и да се прикажувам како играч каков што сакам да бидам. Затоа ќе прекинам по оваа сезона”, објасни Вертонген.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Вертонген ја започна кариерата во Ајакс, каде што беше од 2006 до 2012 година. Во првата сезона беше на позајмица во Ваалвајк. Потоа помина осум години во Тотенхем, а пред Андерлехт играше и за Бенфика. За Белгија настапи 157 пати и е рекордер по број на настапи. Во репрезентативна пензија замина по минатогодишното Европско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…