Дома Фудбал Фудбалерот на Јувентус мора да оди на операција на коленото

Фудбалерот на Јувентус мора да оди на операција на коленото

Фудбалерот на Јувентус, Глејсон Бремер, го повреди левото колено и ќе биде опериран, соопшти овој италијански клуб.

Бремер го скинал медијалниот менискус на левото колено, се наведува во соопштението на клубот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бразилскиот фудбалер минатата сезона беше отсутен девет месеци поради повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Бремер оваа сезона одигра пет натпревари во сите натпреварувања. Јувентус се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А со 12 бодови, а во недела ќе игра против Комо.

Клубот од Торино на 22 октомври ќе гостува кај Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид е подготвен за лето, два договора од 300.000.000 евра по сезона

Реал Мадрид апсолутно ја користи фактот дека е еден од најгледаните клубови во светот, а н…