Дома Фудбал Фудбалерот кој беше желба на Пеп потпиша нов договор

Фудбалерот кој беше желба на Пеп потпиша нов договор

Фудбалскиот клуб Торино денес објави дека Самуеле Ричи потпишал нов договор.

Ричи има 23 години, игра на позицијата дефанзивен среден играч, а е интересно што Манчестер Сити го следеше во текот на целата есен и се спомнуваше како замена за Родри.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сепак, Италијанецот одлучи да потпише нов договор со Торино, до летото 2028 година.

Неговиот досегашен договор истекуваше во 2026, откако пристигна од Емполи летото 2022 за 8,5 милиони евра.

Ричи во меѓувреме стана и репрезентативец на Италија и за „Азурите“ одигра шест натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …