Дома Фудбал Фудбалерите на Милан денеска нема да играат со своите презимиња на дресовите, еве и зошто

Фудбалерите на Милан денеска нема да играат со своите презимиња на дресовите, еве и зошто

Фудбалерите на Милан во денешниот натпревар против Болоња ќе излезат со дресови на кои нема да бидат нивните презимиња. На грбот ќе ги носат девојачките презимиња на своите мајки и така ќе ја продолжат традицијата по повод Денот на мајката.

Денот на мајката е во недела, но бидејќи натпреварот на Милан е закажан за денес, тимот ќе искаже јавна почит кон своите мајки вечерва. Сите играчи ќе ги имаат девојачките презимиња на своите мајки на грбот од дресовите против Болоња.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овие презимиња исто така ќе ги изговори и коментаторот на стадионт и ќе бидат прикажани на големите екрани внатре и околу стадионот..

Составот кој се најавува:

Мањан (Ј. Мањан); Томори (Содипо), Габија (Коломбо), Павловиќ (Павловиќ); А. Хименез (Санчез), Лофтус-Чик (Чик), Рејндерс (Лекатопмеси), Т. Хернандез (Лоренс); Пулишиќ (Харлоу), Жоао Феликс (Карла Феликс); С. Хименез (Золотарчук).

Фото: AC Milan/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажни вести од Белград: Почина легендарниот фудбалер на Црвена звезда

Поранешниот капитен на Црвена звезда и водачот на незаборавната „генерација 1984“, Дејан М…