Дома Фудбал „Фудбалерите на Барселона сонуваат да играат за Реал Мадрид“

„Фудбалерите на Барселона сонуваат да играат за Реал Мадрид“

Рафаел Ван Дер Варт (41) е поранешен играч за врска на Ајакс, ХСВ, Реал, Тотенхем и репрезентацијата на Холандија, кој сега многу ја интригира јавноста како телевизиски коментатор. Неговите забелешки веднаш стануваат вирални, pa така стана и најновата за тоа кој клуб е најпосакуван во светот.

“Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е така, но тие многу повеќе сакаат да играат за Реал отколку, да речеме, за Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа 100 проценти”, вели Ван дер Ваарт.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ван Дер Варт во летото 2008 година дојде од ХСВ во Реал. Таму во две години одигра 73 натпревари, постигна 12 и асистираше 13 голови, но тоа беше за време на доминацијата на Барселона, па со Реал не освои ниту еден важен трофеј. Потоа премина во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…