Дома Фудбал Арсими напушти натпревар на полувреме во Хрватска – еве што се случило!

Арсими напушти натпревар на полувреме во Хрватска – еве што се случило!

Фудбалскиот клуб Арсими, судејќи според случувањата во Медулин, не ги минува најмирните подготовки, откако денешниот контролен натпревар против полската Одра беше прекинат уште на полувреме.

Од таборот на полскиот клуб преку социјалните мрежи информираа дека македонската екипа го напуштила теренот предвреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Денешниот натпревар против екипата на Арсими од Македонија заврши предвреме откако од непознати причини фудбалерите на екипата на Арсими го напуштпија теренот пред крајот на првото полувреме“, стои во објавата на Одра.

Набрзо потоа се огласи и Арсими со реакција во која објасни дека натпреварот го напуштиле поради грубата игра на противникот.

„Денешниот натпревар не беше продолжен поради исклучително агресивниот пристап и агресивната игра на противничката екипа, кои се интензивираа по водството од 2-0. Имајќи предвид дека нашата екипа се наоѓа во подготвителна фаза и дека приоритет ни е здравјето и безбедноста на играчите, не сакавме да ризикуваме евентуални повреди.

Поради тоа, донесовме одлука да го повлечеме тимот од понатамошно продолжување на натпреварот. Оваа одлука е донесена единствено со цел да се заштитат нашите фудбалери и да се зачува спортскиот дух, кој секогаш треба да биде пред сè“, стои во реакцијата на клубот од Чегране.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ќе си замине на крајот од сезоната, веќе е познато кој ќе го замени

Многу се зборува последните недели дека на крајот од сезоната Пеп Гвардиола би можел да се…