Дома Фудбал Фудбалер со танц од „Фортнајт“ ги провоцираше навивачите, па предизвика хаос и доби црвен картон (Видео)

Фудбалер со танц од „Фортнајт“ ги провоцираше навивачите, па предизвика хаос и доби црвен картон (Видео)

Додека поголемиот дел од љубителите на фудбалот во Европа ги следеа натпреварите од Премиер лигата, коишто традиционално се играат на празникот, во Англија познат како „Боксинг Деј“, во Чемпионшипот беше интересно. Денот во вториот ранг на англискиот фудбал го обележува моментот кој се случи по една од натпреварите.

Имено, Вотфорд на својот терен го пречека Портсмут и победи со 2:1. Сепак, самата победа не беше доволна за Квадво Баа, фудбалерот на Ватфорд, кој по натпреварот реши да ги исмева гостинските навивачи. Ги провоцираше со танцот „Take the L“ од играта „Фортнајт“ и предизвика хаос.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Овој начин на прослава во фудбалскиот свет го воведе Антоан Гризман, фудбалерот на Атлетико Мадрид, но тоа не му помогна на Баа чија прослава не им се допадна ниту на играчите ниту на навивачите на Портсмут. Играчите веднаш тргнаа кон него, но Баа успеа на време да избегне конфликтот, додека од трибините одекнуваа навредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…