Дома Фудбал Фудбалер постигна гол за сензација, а потоа истрча во прегратка кај Тиери Анри (Видео)

Фудбалер постигна гол за сензација, а потоа истрча во прегратка кај Тиери Анри (Видео)

Панама славеше над Соединетите Американски Држави, во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации, а херој на Панама беше Сесилио Вотерман.

Натпреварот се играше на стадионот „Софи“ во Лос Анџелес, а заврши со луда завршница во 94-тата минута, кога Вотерман ги сруши актуелните шампиони од тимот на САД.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Откако го совлада Мет Тарнер, напаѓачот на Панама истрча во прегратка на легендарниот Тиери Анри.

Французинот беше еден од коментаторите на панелот на CBS Спортс, пред и по натпреварот.

Сцената со прегратката меѓу Вотерман и Анри ја сними актерот Тери Круз, а водителката Кејт Скот остана во неверување.

Анри подоцна го откри и содржината на разговорот, весел и еуфоричен Вотерман.

„Ми рече ‘eres me ídolo’ (ти си мојот идол) и не знаев што да правам!”.

Објаснување по славењето, даде и самиот Вотерман.

„Синоќа ме прашаа кој ми е идол од детството, а јас реков Тиери Анри… Постигнав гол, те видов и знаев дека треба да те поздравам”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бесниот Лукман направи хаос во Аталанта

Адемола Лукман, крилниот напаѓач на Аталанта и минатогодишен кандидат за Златната топка, ц…