Бразлската ѕвезда Нејмар постигна договор со ПСЖ за продолжување на соработката до 2026 година, потврдија француските медиуми. Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој одлучи кариерата да ја продолжи во Париз. После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа согласност и наскоро Нејмар ќе стави потпис на договор до 2026 година. …
