Бразлската ѕвезда Нејмар постигна договор со ПСЖ за продолжување на соработката до 2026 година, потврдија француските медиуми.
Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа согласност и наскоро Нејмар ќе стави потпис на договор до 2026 година.
Нејмар за неколку дена ќе наполни 29 години, па новиот договор значи дека многу веројатно тој ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.
Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно, а финансиските детали од новиот договор се уште не се познати.
Neymar muito perto de renovar com o PSG. Passos já foram dados e acerto está bem encaminhado.
— Marcelo Bechler (@marcelobechler) February 2, 2021
Poderia ser oficial (ainda que o PSG ou o jogador não anunciem, por estratégia), essa semana. @TNTSportsBR https://t.co/P4QuUJT4Zr