Поранешниот шведски фудбалски репрезентативец Бо Ларсон почина на 79-годишна возраст соопшти денес Фудбалскиот сојуз на Шведска. Ларсон во кариерата настапуваше за Малме и Штутгарт, а играше на средината од теренот и во нападот. Тој се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на Малме, клуб со кој освои десет трофеи. За репрезентацијата на Шведска, Ларсон играше на Мундијалите во …