Дома Фудбал Неверојатно: Сакаат да „позајмат“ селектор на неколку дена

Неверојатно: Сакаат да „позајмат“ селектор на неколку дена

Брегот на Слоновата коска во групата А забележа една победа и два порази, поради што Сојузот го отпушти селекторот Жан-Луј Гасет. 

Сега Брегот на Слонова коска испрати барање до Француската федерација да и го позајми селекторот на женската репрезентација, Ерв Ренар до крајот на Африканскиот куп на нации.

55-годишниот тренер одлично го познава фудбалот во Африка. Тој беше на чело на Брегот на Слоновата Коска во 2014-2015 година, а раководеше и со Замбија, Ангола и Мароко.

Бидејќи противник во нокаут фазата им е бранителот на трофејот, Сенегал, челниците на федерацијата на БСК сакаат до 29 јануари да го „позајмат“ Ренар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елшник отпадна за Скопје, Македонија ќе пречека ослабена Словенија

Повредата го отстрани Тими Макс Елшник од словенечкиот состав за завршните два натпревари …