
Француската фудбалска федерација (FFF) разгледува можност за воведување нов формат за доделување на титулата шампион на Лига 1, според информациите кои ги пренесе L’Equipe. Овој предлог доаѓа во контекст на плановите за трансформација на францускиот професионален фудбал, а меѓу најважните промени е укинување на ЛФП (Лига на професионален фудбал) која управува со Лига 1 и Лига 2 и воведување на нова управувачка структура, инспирирана од Премиер лигата.
За да се внесе повеќе неизвесност и напнатост во периодот на доминација на ПСЖ, кој освои четврта последователна титула шампион на Лига 1, ФФФ ангажира работна група предводена од претседателот на Тулуза, Дамиен Комоли, која разгледува воведување турнир фајнл-фор.. Победникот на тој турнир би требало да биде прогласен за шампион на Лига 1.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Овој формат веќе е применет во Аркема Првом лига, француската највисока женска фудбалска лига, каде што првопласираниот тим се натпреварува против четвртопласираниот во полуфинале, а вториот и третиот тим играат во друго полуфинале. Финалниот натпревар потоа решава кој ќе биде шампион. Според извештајот, овој предлог е позитивно прифатен од неколку клучни учесници во Лига 1.
Фото: PSG/X