Дома Фудбал Французинот жестоко удри по Реал Мадрид: Го допреа дното!

Французинот жестоко удри по Реал Мадрид: Го допреа дното!

Ова што се случи овој викенд во Шпанија на финалето на Купот на кралот помеѓу Реал Мадрид и Барселона предизвика реакции и надвор од спортските рамки. Не станува збор само за фудбал, туку и за сè што го опкружуваше тој натпревар, почнувајќи од петокот кога беше одржана прес-конференција на судиската комисија предводена од Де Бургос Бенгоечеа, па сè до случувањата во тунелот на соблекувалните на стадионот „Ла Картуха“.

Поранешниот француски фудбалер Кристоф Дугари беше изразито критичен кон однесувањето на Реал Мадрид на тој натпревар. “Сè уште се прашувам како најголемиот клуб во светот може да води ваква кампања на оцрнување на судијата пред натпреварот. Каква порака Реал Мадрид испраќа до младите низ светот?”, рече Дугари во емисијата „Ротен сенфлам“.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


“Мора да бидат казнети. Ако не бидат, тоа ќе биде катастрофа за фудбалот. Нема да биде изненадување ако младите почнат да се оддалечуваат од најпопуларниот спорт на светот, затоа што она што го прават челниците на клубот потсетува на улични методи. Намерно го погазиле фудбалот. Реал Мадрид го допре дното“, рече, говорејќи за однесувањето на играчите.

Дугари додаде: “Тоа е апсолутен срам. Ме шокираше количината на притисоци, клевети и лоша намера. Однесувањето на челниците пред натпреварот беше страшно. Свесно ја упропастиле и погазиле сликата на фудбалот. Реал го допре дното.”

Слично мислење изрази и Ди Меко: “Лесно е да се биде господин кога победуваш, но вистинската класа се гледа кога губиш. Реал Мадрид цела година губи од Барселона. Тие би требало да играат посилно затоа што не сакаат да губат – таков е фудбалот – но не смеат да одат толку далеку.”

Кристоф Дугари е поранешен француски фудбалер кој играше како напаѓач, познат по настапите за клубовите како Бордо, Милан, Барселона и Марсеј. Беше дел од француската репрезентација која го освои Светското првенство во 1998 и Европското првенство во 2000. По завршувањето на кариерата стана спортски коментатор и аналитичар, познат по директните и критички ставови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ќе потпише договор до 2029 година со еден од најдобрите фудбалери

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ за …