
Во последните неколку години, Реал Мадрид воспостави практика на донесување играчи по истекот на нивните договори.
Флорентино Перес е познат по својата преговарачка моќ, така што многу квалитетни играчи пристигнаа во мадридскиот клуб како слободни агенти.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Најскорешен пример за ова е Трент Александар-Арнолд од Ливерпул, а најпознат пример на оваа пракса е најголемата ѕвезда на кралскиот клуб – Килијан Мбапе.
Реал Мадрид во летниот преоден рок сериозно го зајакна својот играчки кадар, и така на Сантјаго Бернабеу пристигнаа Александар-Арнолд, Хујсен, Карерас, Мастантуано…
Една од позициите која и понатаму се смета за дефицитарна во мадридскиот клуб е позицијата на стопер.
Кралскиот клуб планираше да се засили на оваа позиција следното лето, но без големи отштети, односно по поволна цена.
Најголема желба на Флорентино Перез и челниците на Реал Мадрид беше феноменалниот Вилијам Салиба кој моментално игра за Арсенал.
Тековниот договор на Французинот со „Топџиите“ истекува во 2027 година и затоа при следниот летен преоден рок, неговата цена би била доста пониска.
Меѓутоа, еден од најдоверливите спортски новинари во светот – Давид Орнстајн денес објави дека Салиба ќе потпише нов договор со Арсенал.